Власта го помина новиот заем во Комисијата за финасирање и буџет - СДСМ се повлече од работата, најави интерпелација за Гаши
Власта го помина заемот од 260 милиони евра на Комисијата за финансирање и буџет. Задолжувањето финално ќе се најде на пленарна седница веќе во вторник. Но, дебатата помина без опозицијата. СДСМ се повлече од собраниското тело.
„Нема да бидеме дел од брутално задолжување“, рече Филипче. Тој најави и кривична пријава и интерпелација за спикерот Гаши, затоа што ѝ го одзеде претседавањето на Лукаревска со Комисијата и го даде на пратеник од власта.
Лукаревска во вторникот ја закажа комисиската расправа, но веднаш по гласањето за дневниот ред ја прекина седницата и не ја презакажа повторно.
Од мнозинството велат дека СДСМ свесно се обиделе да блокираат пари кои ќе бидат од корист на граѓаните.
Од Министерството за финансии тврдат дека кредитот е поволен.
Од Вреди пак, со реакција на барањето за интерпелација на Гаши. Застануваат зад спикерот.
- Без да се мешаме во состојбите во македонскиот политички блок, изразуваме жалење што СДСМ во обидот да ја врати изгубената доверба од граѓаните на дневна основа создава нови и нови политички соперници, пишуваат од Вреди.
Велат дека Гаши повлекол непопуларен потег со цел да се избегне блокирање на државата поради дневна политика.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
