Македонија
19. May 2026 - 12:20
„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
Конечно на повидок отворањето на граничниот премин „Клепало“ кај Берово, на македонско-бугарската граница, кој повеќе од две децении е симбол на бавната реализација на еден од најважните инфраструктурни проекти за
Малешевијата. Иако идејата за отворање на преминот постои уште од почетокот на 2000-тите, проектот со години се соочуваше со административни процедури, недостиг на координација меѓу двете држави и одложувања во изградбата на патната инфраструктура.
- Од наша страна целосно се завршени работите во координација со релевантните институции, МВР, царинската управа и останатите кои се поврзани со граничната работа. Проблемот беше на бугарска страна. Морам да кажам дека поранешниот министер за транспорт и вицепремеир на Бугарија, Гроздан Караџов го раздвижи проектот и се надевам дека со избор на нов министер ќе се реализира овој проект и ќе можее да се поврземе од двете страни, изјави Александар Николовски, министер за транспорт и врски
Малешевијата, позната по природните убавини, чистиот воздух и развиениот рурален туризам, би можела да стане многу подостапна за туристите од Бугарија. Тоа значи повеќе гости во хотелите, рестораните и викенд-сместувањата, но и поголем пласман на локалните производи, мед, компири, сирење, шумски плодови и дрвна индустрија. Локалните бизниси со години укажуваат дека изолираноста на регионот е една од главните причини за економската стагнација и иселувањето на младите. Отворањето на преминот би можело да донесе нови инвестиции, развој на транспортот и логистиката, како и зголемена прекугранична соработка.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
