Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
Изградбата на експресниот пат Кочани-Виница-Делчево, еден од најзначајните инфраструктурни проекти за жителите на источниот регион конечно ќе започне со реализација, најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Виница.
Следната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити студија и пред-проектно решение, со што практично ќе започне реализацијата на проектот.
-Тоа е отприлика процес од неколку месеци, а потоа со средства од буџетот и во соработка со меѓународни финансиски институции ќе биде објавен тендер за реализација по принципот жолт фидик на овој проект којшто ќе биде многу значаен којшто е ветуван со години, но еве дојде редот и да се реализира, изјави Христијан Мицкоски, премиер на Влада.
Премиерот најави и дека во завршна фаза се процесите за обезбедување финансии за изградба на клиничката болница, медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип.
-Очекувам, како дел од онаа стратешка соработка со Велика Британија и овој процес конечно да почне да се движи, бидејќи има некои законски норми коишто мораше да бидат завршени и очекувам дека сето тоа ќе биде ставено на шини и ќе можеме многу скоро денеска да сведочиме на рестартирање на изградбата на овие објекти, од почеток, но и она коешто треба да биде продолжено, додаде Мицкоски.
Во рамки на посетата, во Виница беше пуштен во употреба и нов затворен градски пазар, со површина од 1810 квадратни метри изграден по шестмесечни интензивни работи.
-За изграба на градскиот пазар, беа потрошени 24 милиони денари, а истите беа обезбедени и истовремно целосно испплатени изведувачите од буџетото на општина Виница, изјави Митко Костадиновски, градоначалник на Виница.
Дополнителни 8,5 милиони денари се вложени во партерно уредување на просторот околу пазарот, при што 7 милиони денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
