Македонија
14. May 2026 - 16:30

Нашата земја нуди квалитетни горива

Нашата држава ги следи најновите европски стандарди и на пазарот и нуди квалитетни течни горива ова го потврдуваат инспекциските контроли.

Високите стандарди за квалитет на горивата зависат од силни лабаратории, сигурни методи и транспарентни постапки истакна директорот на ОКТА Димитриос Пасхос на 10тиот регионален симпозиум на лабаратории за нафта и нафтени деривати кој се одржува во Охрид.

За квалитетот Пасхос посочи дека не може да се обезбеди излоирано, туку преку координација и взаемна доверба меѓу сите вклучени институции. 

Симпозиумот претставува значајна регионална платформа за размена на искуства и современи практики во областа на контролата на квалитетот, лабараториските анализи, регулативата и безбедноста во нафетната индустрија на кој учествуваат преставници од неколку земји во регионот вклучувајќи ги Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.