Македонија
12. May 2026 - 16:34

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”

Владата внимателно да  ја следи состојбата и да не презема брзи мерки . Ако  веќе се одлучи на тоа – тие да бидат таргетирани. Во време на зголемена неизесност околку војната на Блискиот  Исток, последиците кај нас веќе се чувствуваат – инфлацијата забрзува,  а растот на економијата  се топи. Затоа од Македонија 2025 со порака –  добро да се анализира, да се предвидат очекувањата, пред да се преземе нешто

-Во случај на преземање мерки, тие би требале да бидат таргетирани, секогаш се залагаме за таргетирани мерки наместо универзална поддршка – таргетирани зборувам за заштита на животниот стандард на посиромашните граѓани, додаде извршната директорка на „Македонија 2025“. Никица Мојсоска Блажевска.

Од Владата пак сметаат дека со преземените мерки до сега добро се справуваме со кризата. За поголем економски раст приоритет ќе биде вложувањето во инфаструктурата и завршувањето на започнатите капитални проекти. И покрај предизвиците, премиерот смета дека економските достигнувања се стабилни и добри.

-За разлика од останатите држави, влеговме во решавање на проблемот и прилично успешно се справуваме со состојбите и покрај тоа што имавме исклучително големи фискални откажувања, коишто на прв поглед може да се очекува да влијаат на Буџетот, но принципот економија на обем кој го применивме покажува дека до овој момент не само што не ги почувствувавме туку и ги надминаа нашите очекувања во услови на криза. Тоа значи зголемена потрошувачка на бензините и дизелот, што влијае позитивно на Буџетот и имаме најниски цени на горивата во регионот“.

Неизвесност и загриженост колку ќе трае војната на Блискиот Иисток и какви ќе бидат последиците, владее и во САД., вели ко основачот на Македонија 2025, Мајк Зафировски . Но порача – наместо да не парализираат глобалните случувања, да се охрабрат луѓето и да ги направат потребните подобрувања.

-Пораката што би ја упатил до Македонија, и до политчарите и до бзиунисменитее – контролирајте го она што може да се контролира. Ние сме релативно мала земја и лесно можеме да бидеем паралзиирани од случувањата во остатокот од светот. Но тука има и есризони прашаеа – невработеноста кај младите, би рекол, е исто толку серизоне проблем. Суштината е како да се искористат можнсотите з аподобрување и напредок,  и да ин помогенем на граѓаните колку што можеме. изјави Мајк Зафировски,

Мојсоска од Самитот, кој по 15 ти пат се одржува во Скопје и ги обединува клучните луѓе  од политиката, бизнисот и дијаспората , порача дека државата мора да си ја заврши домашната работа, за земјава да биде поконкуретна и посупешна. . Според истражувањето,  45% од дијспората сакале да се вратат, а 16 отсто да инвестираат. Но им недостасуваат  информации, предвидливост  ,посилни институции, како и  борба против најгорливиот проблем – корупцијата.  Затоа неопходни се реформи кои ќе го забрзаат растот , како и инвестиции во  дигитализацијата  и вештачкатата интелегенција.