Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
Глоба од 20.000 евра заработи фирма од скопско Батинци откако нејзин камион беше затекнат при незаконско исфрлање на шут во скопски Аеродром. Ваквата казна доаѓа откако при вонреден инспекциски надзор градоначалникот Митески начека шофер како незаконски одлага градежен отпад.
Највисоката казна е 90 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.
Фирмата која ја заработи казната е ХСА Констракшн, а нејзин сопственик Харис Качапор. Тој седи на обвинителна клупа за прегазување на екс директорот на ОХИС, Јорго Куќа.Претходно доби и условна казна во случајот Синџир.
Во меѓувреме, инспекторите од Град Скопје втора седмица по ред ги тресат фирмите со отпад. Во регистарот има вкупно 41, но градските власти не откриваат детали каде и дали се утврдени неправилности.
„Градската инспекција врши интензивни проверки во изминативе денови и досега се извршени контроли во над половина, акцијата продолжува до нејзино целосно реализирање. Паралелно се врши проверка на документацијата и поради поделената надлежност со Министерство за животна средина, Државен инспекторат за животна средин, како и Управа за животна средина информациите ќе бидат препратени и ќе бидат превземени соодветни законски дејствија согласно правната регулатива“, ни одговорија од Град Скопје.
Ваквите вонредни надзори започнаа по големиот пожар кој минатата недела избувна во Визбегово. Гореше приватен склад со хаварисани автомобили. Друг склад на истиот сопственик лоциран од спротивната страна на улицата, се запали во јули минатата година, кога и беше утврдено дека не работел според закон.
Општина Аеродром изрече казна од 20.000 евра во денарска противвредност за правно лице, откако при вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче бил затекнат камион како незаконски одлага градежен отпад.
Според информациите од Општината, камионот бил фатен на локацијата „Купишта“, каде истурал градежен шут и ископана земја спротивно на Законот за управување со отпад. Општинскиот инспекторат издал прекршочен платен налог, а за сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра.
Од Општина Аеродром порачаа дека ќе продолжат со засилени инспекциски контроли и дека нема да дозволат создавање диви депонии, загадување и уништување на животната средина на територијата на општината
При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во Општина Аеродром, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад.
Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за равното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност.
Општина Аеродром продолжува со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината. Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
