Преглед на вестите од светот
Холандскиот туристички брод Хондиус чии патници и екипаж се во излоациаја поради ширењето на хантавирусот плови кон шпанскиот остров Тенерифе, каде има клиника специјализирна за епидемии. На Хондиус има вкупно 146 луѓе од 23 земји. На бродот досега се потврдени три смртни случаи брачна двојка од Холандија и еден патник од Германија и осум заболени лица. Хантавирусот кај луѓето може да предизвика треска и тешки респираторни заболувања. Инфекциите можат да настанат при контакт со измет и други излачувања од глодари. Во ретки случаи, патогенот се пренесува и од човек на човек, соопшти СЗО. Истражувањата за потеклото и начинот на ширење на инфекцијата продолжуваат.
- мислам дека првата работа е навистина да се обидеме да откриеме дали сето ова е директно ширење од човек на човек. Ќе помогне кога ќе имаме потврда. Сè уште не сум видел потврда дека ова е навистина вирусот на Андите , тоа е единствениот хантавирус за кој знаеме дека се шири меѓу луѓето. Претпоставувам дека тоа ќе биде случај бидејќи тоа е вирусот што е најчест во Аргентина. Ова не е следниот COVID-19. Ова нема да биде голема епидемија.
Бродот тргнал од Аргентина на 1 април кон Антарктикот. СЗО информираш и дека се трага по околу 40 патници кои го напуштиле бродоот при запирање на островот Света Елена помегу 22 и 24 април, по првиот смртен случај на бродот и пред да биде јасно дека се работи за епидемија. Инаку
Трамп гледа добри шанси за договор во војната со Иран. Според американскиот претседател Техеран се согласил да не се стреми кон нуклеарно оружје.
- И покрај тоа што имавме мал судир во Иран, бидејќи не можеме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје, а ние ги победуваме многу силно и тие многу силно сакаат да се смират, сè ќе се среди многу брзо. ,Не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје. Затоа мислам дека повеќето луѓе што го разбираат тоа, разбираат дека она што го правиме е правилно и дека брзо ќе заврши, изјави Доналд Трамп, претседател на САД
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи изјави дека амерриканскиот предлог за завршување на војната се разгледува и одговор ќе биде испратен до Пакистан. Некои американски медиуми пренесеоа дека планот што во моментот се разгледува би прогласил крај на војната и би активирал 30-дневен период на преговори за решавање на спорните теми, вклучувајќи ги нуклеарните прашања, одмрзнувањето на иранските средства и идната безбедност во Ормутскиот Теснец.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
