Македонија
4. May 2026 - 16:35

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели

Премиерот Мицкоски не очекува напредок во разговорите со Бугарија, и покрај тоа што официјална Софија е на чекор до формирање на политичка влада на Радев по подолг период. Напротив, тој вели дека атмосферата ќе се вжештува бидејќи источниот сосед се потпира на домашни политичари кои, според него, биле на линија на Бугарија. Сепак, Мицкоски вели дека е подготвен на разговори, но без отстапки во делот на идентитетот.

Наспроти него, лидерот на СДСМ, Филипче, пак, вели дека само уставните измени ќе го отворат евроинтеграцискиот пат. Обвинува дека власта не работи на реформската агенда и дека Бугарија не ни го загрозува идентитетот.

Тој и понатаму смета дека гаранција за македонскиот идентитет би била заедничка резолуција во Собранието за евроинтеграциите.

Во меѓувреме, бугарската претседателка Јотова утре наутро ги почнува консултациите со парламентарните партии за формирање на владиниот кабинет, иако веќе е јасно дека владата ќе ја предводи експретседателот Радев преку новоформираната партија „Прогресивна Бугарија“.

Сценариото предвидува брзи консултации, врачување на мандатот во четврток и негово гласање во петок, 8 мај.