Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела

Русија во текот на изминатата седмица лансира околу 1.600 борбени дронови кон Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој на социјалната мрежа X наведе дека врз Украина се фрлени и речиси 1.100 авионски бомби со наведување и три ракети.
Ова е значително помалку отколку во претходниот седумдневен период, пренесува „Украинска правда“.
„Русите се обидуваат да ја преоптоварат нашата противвоздушна одбрана со масовни напади, поради што секојдневното снабдување со ракети пресретнувачи е од пресудна важност. Еднакво е важно притисокот врз агресорот да не ослабне, бидејќи секое ублажување на постојните санкции само доведува до полнење на рускиот воен буџет, кој потоа се користи за војна“, наведе Зеленски.
Тој исто така го прокоментира денешниот руски напад врз автобус во Херсон, опишувајќи го како „брутален ’сафари‘ лов на луѓе“ во областите близу линијата на фронтот.
МИА
Ново на Сител
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
-

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола
-

Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара
-

За време на фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Гостивар, навивач паднал од трибина
-

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР
-

Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија
-

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе
