Македонија
29. April 2026 - 12:24

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта

Се менуваат трендовите за тоа какво образование бираат младите. Продолжува зголемениот интерес за стручните училишта додека гимназиите се во втор план. Големата побарувачка на пазарот на трудот на струки и профили од занаетчискиот сектор кои нудат можности, а и добро се платени, се едни од причините поради кои учениците сè повеќе го бираат стручното образование. 

Интересот за студирање пак е насочено кон програмирањето, компјутерските науки и инженеринг, вештачката интелигенција и роботика.

Саемот за образование и кариера на кој зедоа учество 15 високообразовни институции од државата и 4 средни училишта од Охрид, ги обедини младите и нивните идни можности на едно место, овозможувајќи им полесен пристап до информации и донесување на информирани одлуки за нивната иднина.