ФБИ и МВР во акција во Голема Речица: Откриен нелегален онлајн пазар вреден 500.000 долари

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“.
Според обезбедените сознанија, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет домени и содржел детална база на компромитирани лични податоци за регистрација на сметки на клиенти и продавачи, при што биле евидентирани над 2.600 кориснички сметки и над 1.500 сметки на продавачи. Вкупната продажна вредност на артиклите надминува 500.000 американски долари.
Во рамки на постапката, а врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Тетово, извршен е претрес на територија на Општина Тетово, с. Голема Речица кај осомничените А.Е. (20) и А.И. (23), македонски државјани, за кои постојат основани сомненија дека се администратори на наведениот онлајн пазар. За време на извршување на претресот тие се затекнати на лице место во вршење на кривично дело за кое се сомничат и при тоа се одземени десктоп компјутери, лаптоп компјутери и телефони кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа и ќе послужат како доказ во кривичната постапка, а лицата се лишени од слобода.
Секторот за компјутерски криминал продолжува со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на случајот, во насока на идентификација на сите инволвирани лица и обезбедување на релевантни докази, согласно важечките законски прописи.
Ново на Сител
-

Уапсен 89-годшниот кој претпладнево со огнено оружје повреди пет лица во Службата за социјално осигурување и во суд во Атина
-

Доживотна казна затвор за Денис Асанов која ја уби штипјанката Борјанка Николова
-

Оштетени станари во Гостивар, фирма без лиценца им наплатила 208.500 денари за реновирање на зградата
-

Приведени 10 возачи, седум возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол
-

Либертис: Слободата на медиумите низ ЕУ е под постојан напад
-

Гроси: Ризикот од нуклеарна катастрофа на нивоата од Студената војна
-

Зеленски: Подготвуваме пакет санкции против актерите вклучени во извозот на украдено жито
-

Тошковски: Врсничкото насилство во Ѓорче сериозно се истражува, 14 лица повикани на разговор
