ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
ДКСК јавно ќе ги опомене и објави функционерите кои покрај опомената за пробивање на законскиот рок повторно не поднеле пријава за капиталот со кој располагаат. Ваква одлука донесе комисијата на денешната седница за лицата кои не пријавиле или одбиле да платат казна. Под лупа на ДКСК се најдоа петмина национални координатори именувани од Владата.
За тројца од нив е потврдено дека не ја исполниле законската обврска да поднесат анкетни листови. ДКСК разгледуваше и пријави против градоначалници и избрани советници во општините за исти случаи.
Меѓу бројните реферирања антикорупционерите одлучуваа за покренување постапки за злоупотреби во образованието. Незаконско назначување на в.д директор на ученички дом. Во овој предмет откриено е дека во ученичкиот дом нелегално се сместувале ученици.
Комисијата разгледа и случај на незаконски избор на директор на основно училште кој не поседувал сертификат за англиски јазик како и случај во кој општина не постапила по решение за рушење дивоградба на станбена куќа, објект кој работел како затворена тераса на кафе бар. За сите спорни случаи ДКСК одлучи да поведе постапки пред надлежните органи.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
