Над 230 основци од Скопје учествуваа на креативен и едукативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација”

По повод Денот на креативноста и иновациите – 21 Април, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА денеска организираше креативен и едукативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација” наменет за ученици од основните училишта во Скопје.
Целта на настанот беше да ги поттикне младите да размислуваат иновативно и да креираат одржливи (зелени) решенија за реални предизвици од нивната околина.
Учествуваа повеќе од 230 ученици од 22 основни училишта во Скопје, заедно со 50 нивни ментори - наставници од училиштата. Поделени во 43 тимови тие преку практична работа, тимска соработка и претприемачки пристап имаа можност да развиваат идеи и да ги претворат во конкретни иновативни решенија.
Директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, изјави дека идејата е да ја поттикнат креативноста и инивативноста кај младите, претприемачкиот дух и да бидат мотивирани да размислуваат иновативно.
- Предизвикот денеска е да најдат некој еколошки проблем и да смислат конкретно решение односно иновација како може да се надмине и реши, Нашата агенција формираше стручни тимови коишто ќе ги оценуваат решенијата на учениците. Ќе бидат доделени награди во три категории: најиноватовно решение, најапликативно решение и најдобар тим, изјави директорката на ИНОВА.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека се работи за прекрасен настан за основците, со кој тие се стимулираат да создаваат решенија што им го олеснуваат животот на луѓето, без да ѝ наштетат на природата.
- Ќе се потрудиме да објасниме и да ги вклучиме во општествените промени, на пример одржување на животната средина, одржливост на општеството и други теми. Не сакаме талентирани поединци, туку сакаме цели генерации, кои ќе знаат критички да размислуваат, адекватно да се вклопат во општеството, да се навикнат на тоа што е иновација, подобро образование. Сакаме да ги стимулираме младите да создаваат решенија што го олеснуваат животот на луѓето, без да ѝ наштетат на природата. Да се фокусираат на поголема грижа за здравјето, посилна заштита на животната средина, справување со климатските промени, но и унапредување на образованието и економијата. Тоа значи да помогнат во изнаоаѓање одговори на најголемите предизвици на 21 век, истакна министерката Јаневска.
МИА
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
