ИПР со регионално решение за кучињата скитници
Регионален пристап за решавање на едно од најгорливите прашања воопштините од Истокот, проблемот со кучињата скитници. Советот на источно планскиот регион донесе одлука за изградба на стационар. За оваа намена првично ќе бидат обезбедени 100.000 евра од буџетите на општините, а подоцна ќе се донираат и дополнителни средства. Во моментот се работи на изнаоѓање на локација каде ќе биде сместен стационарот.
- Имаше понудено од страна на градоналникот на општина Кабинци една локација, а има понуди и од други соседни општини. За тоа ќе одлучат нашите консултанти, односно, проектантите, каде е најсоодветно, но тоа не менува ништо. Нам ни е важно да изградиме стационар каде ќе бидат згрижени бездомните животни, изјави Тони Тоневски, претседател на Источен плански регион (ИПР)
Бездомните животни кои талкаат по улиците во моментот се менаџираат со специјализирани фирми за заловување и хумант третман. Меѓутоа, на овој начин се трошат многи средства, а не го даваат посакуваниот резултат.
- Ние решивме оваа година да направиме уште еден чекор во поглед на решение на проблемот со бездомните животни, а тоа е, да ги стимулираме сите сопственици на домашни миленици да ги кастрираат, односно, да ги субвенционираме како општина, заедно со ветеринарните станици, додаде Тоневски
Стерилизацијата е долгорочно решение и е неопходна, бидејќи спречува неконтролирано размножување, со што директно се намалува бројот на несакани легла и напуштени миленици, а со тоа и вкупната популација на бездомни кучиња.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
