Македонија
19. April 2026 - 16:42

100 години ЗОО Скопје

ЗОО Скопје слави 100 години постоење надвор од ЕАЗА, далеку од друштвото на европската мрежа на зоолошки градини и аквариуми, бидејќи не ги исполнува потребните услови и стандарди за грижа на животните.  Во моментов се згрижени околу 500 животни, има над 100 видови кои живеат во домови стари над 50 години. 

Властите најавија дека започнува процес на нивно реновирање. Директорката вели дека се задоволни со бројките на посетеност. 

Слоницата Даела, нилскиот коњ Буцо и морските лавови се најголема атракција за најмладата популација. 

Зоолошката градина во Скопје го загуби статусот во ЕАЗА поради неисполнување на меѓународните стандарди за благосостојба на животните, честите промени на раководните позиции и недостигот на стручен кадар. 

Големо влијание зошто не сме дел од оваа органзиација е и поради тоа што животните често угинуваат, случајот со колење на коњите во 2022 година и појавата на птичји грип подоцна кои го нарушија кредибилитетот на институцијата.