СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
СДСМ поднесе кривична пријава против унгарски сопственици на телевизија Алфа. Во пријавата посочуваат на повеќе, како што тврдат, сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги.
- Во периодот од 2017 година наваму, преку меѓународна мрежа на трансакции биле префрлени околу 2,85 милиони евра од странство кон Македонија, кои потоа завршувале во Алфа ТВ. Овие средства биле прикривани преку фиктивни договори за маркетинг и реклами со компании кои немаат реална економска активност на македонскиот пазар. Преку т.н. „shell“ компании се заобиколувале законите за транспарентност на медиумската сопственост и финансирање. Финансиската полиција веќе констатирала дека се работи за „сомнителни маркетиншки услуги“ со цел прикривање на потеклото на парите, вели Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ
Наместо да се занимава со проблемите во други држави, СДСМ треба да се фокусира на партиските реформи, им возвратија од ВМРО-ДПМНЕ, од каде прогнозираат дека со оваа ПР стратегија на опозицијата и се заканува исчезнување од политичката сцена по следните избори.
- Нелегитимноста на СДС, слабиот рејтинг на Филипче и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, ги тера СДС и Филипче да водат антидржавна политика која не им оди во прилог. СДС и Филипче се толку фокусирани и насочени на избори во друга држава, на која нивната сестринска партија освои 1% процент од гласовите, и не си го гледаат сопствениот двор кој им е несреден и полн со паразити. СДС и Филипче успеаја да се скараат со нивни сопартијци, медиуми, новинари, а сега пробуваат да се скараат и со држави или нивни претставници во Македонија, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Преписките на оваа тема помеѓу власта и опозицијата се актуелизираа по изборниот пораз на Орбан во Унгарија. Опозицијата тврди дека власта е во паника и побара ревизија на сите бизнис договори со Унгарија, додека премиерот Мицкоски вчера возврати дека паниката е во опозицијата поради можни истраги за нивни високи функционери.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
