Протест на културните работници
Работниците во култура на протест пред Министерството пред Уставен да донесе конечна одлука дали Колективниот договор, потпишан во 2019 е противуставен или не. Велат, министерот Љутков преку Уставен се обидува да им ги ускрати правата.
- Јасно ни е дека Колективниот договор нема ништо противуставно во него. Ве молиме, ние не сме ви трн во окото. Ние сме и чест и гордост на оваа држава. Ние сме и чувари на минатото и креатори на иднината и сите ние овде нема да постоиме за 100 години. Она што ќе постои е она што го твориме ние денеска.
Откако претходно министерот им понуди да преговараат за нов Колективен договр, од Синдикатот велат дека се подготвени да преговараат.
- Преговарањето за нов Колективен договор не смее да биде параван, не смее да служи за сокривање на вистината. Ако навистина сакате нов Договор, ние сме подготвени. Не бараме ништо повеќе од тоа што веќе постои. Ако сакате да ни дадете повеќе кажете што е тоа, да видиме што навистина значи повеќе во вашата визија. Сигурни сме, од подобро никој не бега.
Љутков, пак, вели - протестот е политички и не му е јасно зоштоо денеска има протест кога вчера имало состанок на кој заедно со Синдикатите се согласиле заедно да работат за подобрување на условите за работа на културните работници.
- Ја реактиравме повторно Работната група. Вчера на состанокот имавме одлучни заклучоци дека и Синдикатот и Министерството за култура, посебно двата Синдикати, репрезентативни и Министерството заеднички ќе работат во насока на подобрување на условите за културните работници и зачувување на Колективниот договор, нешто што беше оспорено и од Уставниот суд, а тоа се гледа и по извештаите коишто ги имаме дадено и кон Уставниот суд и кон Владата.
Уставен на минатата седница поведе постапка за преиспитување дали колективниот договор го надминува законот, дали со него е внесен автономен платен систем и дали обезбедува јасни и објективни критериуми за утврдување на платите. Судот сметал дека Колективниот договор не се движи во рамките на законското овластување, туку поставил сопствен модел на утврдување на плати.
Kолективниот договор ги регулира платите на 2.400 работници во културата.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
