Македонија
15. April 2026 - 16:44

„Безбеден град“ казнува електронски, но потврдите за уплата сè уште се доставуваат лично на шалтер

Камерите од Безбеден град казнуваат дигитално, ама потврдите за платен соображаен прекршок, МВР бара од граѓаните да ги донесат лично. Без разлика дали казната е платен со картичка или на уплатница, обврска на возачите е уплатата да ја приложат во полицискастаница. Во Скопје, тоа се прави во лименабарака со шлатер во кругот на полициската станица Пролет.

Граѓаните во ред чекаат да ги приложат полицискиот записник од казната која ја добиле на својот мобилен телефон во електронска форма и потврдата од уплатата, а целата постапка трае неполни 10 минути. Ваквиот начин на евиденција, според граѓаните е неопходно да се промени, за нив е нејаасно како казните ги добиваат електронски, а потврдата дека ја платите глобата, се бара на хартија.

Од МВР велат наскоро ќе се променел начинот на кој сега граѓаните потврдуваат дека го платиле сообраќајниот прекршок од системот Безбеден град. Се изработувала апликација преку која казните ќе се плаќаат електронски, а возачите повеќе нема да треба уплатата да ја носат лично во полициските станици.

Безбеден град почна да функционира пред два и пол месеци. Сега со него се казнува надминување на пропишната брзина и поминување на црвено светло. Глобите за сообраќајните прекршоци се изразени во евра што предизвикува дополнителен револт кај граѓаните, бидејќи, како што велат им се наплаќала и поголема сума од пропишната казна.