Филипче: Падна Орбан, следен е Вучиќ па Мицкоски
Опозицијата и денеска го слави поразот на долгогодишниот премиер виктор Орбан на изборите во Унгарија. Опозицискиот лидер Филипче утрово излезе на прес конференција за да констатира дека по Орбан, изборите ќе ги изгуби Вучиќ во Србија а потоа, и Мицкоски во Македонија.
Филипче констатираше дека по поразот на Орбан, остануваат според него спорни договорите за заем со Унгарија и влезот на унгарскиот телеком оператор на македонскиот пазар. Директно обвини дел од медиумите дека биле финансирани од Унгарија и дека за тие пари ширеле антиевропска пропаганда во Македонија.
Побара информации дали новата влада на ВМРО-ДПМНЕ побарала екстрадиција на екс премиерот Груевски и апелираше тоа да се направи по итна постапка по вчерашната најава на веројатно идниот премиер на Унгарија, Маѓар дека Груевски и сите кои добиле азил во Унгарија треба да бидат екстрадирани.
