Алкараз го совлада Синер за прва титула во Рим

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои титулата на АТП турнирот од серијата Мастерс 1000 во Рим, откако вечерва го совлада во финалето светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер со 2-0 во сетови (7-6, 6-1).
Во нивниот 11 меѓусебен дуел, 22-годишниот Алкараз ја забележа седмата победа, а четврта во низа над една година повозрасниот Синер.
Дуелот за титулата во Рим воедно беше 25. АТП финале за Алкараз и Синер, а Шпанецот прв пат во кариерата триумфираше на Мастерсот во италијанската престолнина.
Алкараз дојде до титулата во Рим откако во денешното финале при водство на Синер во првиот сет од 6-5 во гемови спаси две сет топки (15-40) по што го освои тајбрејкот. Шпанскиот тенисер целосно доминираше во вториот сет во кој поведе со 5-0 во гемови, а за победата ја искористи третата сет топка.
Алкараз е првиот тенисер оваа сезона со два трофеи од мастерс турнирите, откако во финалето во Монте Карло го совлада сонародникот на Синер, Лоренцо Мусети.
Со новите 1.000 поени, Алкараз се враќа на второто место на АТП ранг-листата, додека Александар Зверев, кој не успеа да ја одбрани титулата во Рим, од понеделник ќе падне на третата позиција. Синер останува на водечкото место на АТП ранкингот со 1 500 поени повеќе од Алкараз.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
