Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Анора"

Свеченоста за 97-то доделување на „Оскарите“ се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Американската Академија за филмски уметности и науки донесе одлука дека филмот „Анора" (Anora) е најдобриот во изминатата година, кој од вкупно шест номинации, освои пет.
Независниот филм „Анора" ги доби признанијата за најдобар филм, женска главна улога (Мајки Медисон), монтажа, како и наградите за најдобра режија и оригинално сценарио, коишто му припаднаа на Шон Бејкер.
Статуетката за главна машка улога отиде кај брилијантниот Адријан Броди за остварувањето „Бруталист“ коешто ја има и најдобрата кинематографија.
Најдобри споредни глумица и глумец, соодветно, се Зои Салдања (за филмот „Емилија Перез“) и Кијеран Калкин („Вистинска болка“).
„Злобница“ (Wicked) ja има најдобрата костимографија, „Субстанција“ (The Substance) - најдобра шминка, а „Дина 2“ - најдобри звучни и визуелни ефекти.
Најдобро адаптирано сценарио има филмот „Конклава“.
„Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, го доби „Сѐ уште сум тука“ (Ainda Estou Aqui) продуциран во Бразил и Франција.
Најдобра филмска песна е „El mal“ на Клемен Дукол, од „Емилија Перез“.
Најдобар цртан филм, според американската Академија, е „Течение“ (‘Straume’, ‘Flow‘). Најдобар краток филм е „Не сум робот“. Најдобар краток цртан филм е „Во сенката на чемпресот“.
Најградата за документарен филм отиде кај „Нема друга земја“ (No Other Land), во палестинско-норвешка со-продукција, како што стои во описот на филмот.
Најдобар краток документарец е „Единственото девојче во оркестарот“.
Овогодинешото шоу го водеше комичарот и водител Конан О'Брајан.
Ново на Сител
-

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, релизирани 92 отсто од вкупните средства
-

Муцунски: Ни треба систем на меѓусебна доверба и да знаеме дека ќе нема дополнителни барања од Софија поврзани со историјата, идентитетот и јазикот
-

Приведени припадници на белградската Интервентна полиција, осомничени се дека спречиле процесуирање по пукање во ресторан
-

Радев потврди: Бугарија запира со испорака на оружје за Украина
-

Опожарени возила и куќи во Белфаст откако мигрант се обиде да обезглави маж
-

Муцунски од Софија: Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во безбедноста и стабилноста на Европа
-

Приведени две лица од Скопје, осомничени се дека украле патничко возило
-

Сали: Реформите носат конкретни резултати – Северна Македонија останува меѓу лидерите во спроведувањето на Реформската агенда
