Француски атлетичар суспендиран поради говор на омраза

Францускиот атлетичар Мухамед Абдалах Кунта, кој настапи на трката на 400 метри на Олимписките игри во Париз, е суспендиран поради говор на омраза.
Француската атлетска федерација (ФФА) му изрече суспензија откако на социјалните мрежи објави говор на омраза против Израел во неколку наврати помеѓу 2021 и 2024 година.
„Федерацијата ги потсетува сите француски спортисти дека изразувањето на нивните лични мислења на никаков начин не смее да го загрози единството на француската атлетика и француската репрезентација и мора да ги почитува вредностите на Републиката“, соопшти ФФА.
Неговите објави подоцна беа избришани.
„Искрено се извинувам ако некој се почувствувал навреден. Јас сум против геноцид и каква било форма на расизам или неправда и мислам дека не треба да докажам колку ја сакам мојата земја“, рече 29-годишниот француски атлетичар.
Ново на Сител
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
-

Дрога пронајдена при претрес во Прилеп, приведен 47-годишен прилепчанец
-

Армијата го слави 34. роденден со најдинамична трансформација и модернизација и потврдена борбена готовност
-

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари
-

Ердоган го повика Трамп да продолжи со преговорите со Иран за намалување на тензиите
-

Најмасовен украински напад врз Москва и Московската област во последните две години
-

Москва и се закани на Велика Британија со „последици“ поради британските дронови користени за напади на руска територија
-

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места
