Младите со акција за заштита на Охридското Езеро од отпад
Во езеро пливај, а отпадок рециклирај“
Младите со акција за заштита на Охридско Езеро од отпад
„Во езеро пливај, а отпадок рециклирај“ е мотото за подигање на свеста кај заедницата, особено кај младите за заштита на Охридското Езеро и животната средина.Тие со скулптура направена од пластичен отпад прикажаа работи кои најчесто се фрлаат во езерото кои наместо да загадуваат би можело да с е рециклира.
Свеста кај младите е на многу ниско ниво и треба да се работи во оваа насока. Како граѓани незнаеме колку всушност го загадуваме самото езеро.
Младински Центар Охрид во соработка со Младински образовен форум Скопје ја организираа оваа акција.Инаку Охридскиот клуб за артивизам е еден од 10-те во државава кои работат на создавање креативни и атрактивни содржини на најразлични теми кои се од интерес на младите.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
