Револтирани стружани со свирежи го одбележаа патронот на училиштето „Браќа Миладиновци“
Тензично на патрониот празник на училиштето Браќа Миладиновци во Струга
Тензично на одбележувањето на патронот на училиштето Браќа Миладиновци во Струга. Со свирење и револт наместо со славење на ликот и делото на Миладиновци помина празникот.
Од ВМРО ДПМНЕ од Струга обвинуваат дека без интонирање на македонската химна со реторика со политичка конотација и погрешни историски факти директорката на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и дека треба „да се вратат на патиштата што тогаш биле зацртани“, и бараат да биде разрешена, но и нејзина кривична одговорност бидејќи станува збор за продолжено дело за ширење меѓуетнички раздор и нетрпеливост.
Реакција за инцидентот на својата фејзбук страна објавија и од Иницијатива за граѓанско будење „Разбуди се“.
(Во излагањето направила историски вовед за образовната институција чии корени ги лоцирала во 1941 кога балистичката окупаторска власт присилно го наметнала изучувањето на албанскиот јазик за неалбанското население во градот.)Директорката на училиштето Жута во телефонска изјава за Сител тврди дека овие изјави се невистинити и дека како професор со 18 годишно искуство никогаш не би направила нешто против училиштето ,колегите и учениците додавајќи дека станува збор за намерно инструирано сценарио против неа.
Инаку ова не е прв ваков случај во основното училиште Браќа Миладиновци . Минатата година на Денот на албанското национално знаме, покрај албанското знаме осамнаа мапи на голема Албанија а истото се случи и во училиште во Подгорци.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
