Честите смени на директори на штета на здравствените услуги
Националното здружение Храбро срце најостро ги осудува како што вели честите егзибиции од страна на надлежните власти во врска со државната клиника за кардиохирургија но и неодамнешното растурање на тимот за срцеви трансплантации. Претседателот на здружението Јолески вели наместо министерот во заминување да предизвикува кризи во здравството подобро е да ги имплементира веќе донесените одлуки од страна на владата за ослободување од плаќање партиципација за здравствени услуги за лицата со вградена механичка циркулаторна потпора на срце.
Со ваквите чести смени на министри, директори а и останатите кадри кои го одржуваат и развиваат овој дел од здравството се прави невидена и ненадоместлива штета на пациентите кои чекаат шанса за продолжување на животот преку срцева трансплантација додава Јолески.
Од Храбро срце апелираат до идната влада да отпочне со длабоки реформи во државното здравство преку вложување во инфраструктурно подобрување и вложување во современа опрема за докторите од државното здравство.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
