Македонија
2. јуни 2024 - 16:43

Надоместок од 3000 денари за несовесните граѓани кои ги оштетуваат рампите

За несовесните граѓани кои ги оштетуваат рампите на паркинзите ќе следуваат казни.Станува збор за надоместок во вредност од 3000 денари кој во иднина ќе може да го  наплати ЈП „Билјанини Извори“ за сите кои ќе сторат прекршок.

Со оглед на тоа што претпријатието често се соочува со трошоци поради злоупотреби од страна на несовесни корисници на паркинг просторот со кој стопанисува, со измена на ценовникот од страна на советот на општината сега ЈП ќе може да ја наплати штетата.

Од видео надзорот јавното претпријатие ќе ја утврдува регистрацијата, а во случај на поголемо оштетување ќе биде повикано и вешто лице за вредноста на штетата.

Од Билјанини извори подвлекуваат дека злоупотреби има на повеќе начини без да се изврши плаќање на паркинг, додавајќи дека преку видео надзор ќе се утврдува дали во одреден случај ќе се пристапува кон директно наплаќање или ќе се оди по судски пат со поднесување пријава.