Македонија
20. May 2024 - 12:21
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
Расте бројот на пациенти кои заболуваат од хипертензија, а се намалува и старосната граница во охридскиот регион. Високиот крвен притисок е причина број еден за голем број смртни исходи, кардиолошки заболувања и мозочни удари. Токму затоа лекарите засилено работат на превенција и подигнување на свеста кај населението.
Намалувањето на крвниот притисок може за една четвртина да го намали бројот на срцеви удари и речиси да го преполови бројот на случаи на срцева слабост и мозочни удари.
Според статистиката на Светската здравствена организација околу 54% мозочни удари и 47% од коронарната артерриска болест се предизвикани од покачен крвен притисок.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
