Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
Пред Основниот суд во Охрид денеска не се одржа закажаното рочиште од процесот што се води по предметот во врска со нападот врз Христијан Пендиков.
Причина за одложувањето беше непојавувањето на сведоците предвидени да дадат исказ пред Судискиот совет. Дали станува збор за клучни сведоци ќе покаже нивниот исказ, дали биле клучната вечер со обвинетите или со оштетниот ќе се знае допрва.
Адвокатот на обвинетите Цобоски истакна дека нивното недоаѓање во судница значи неспроведување на целосните законски одредби од страна на полицијата. Судот најави можност доколку сведоците не можат да се пронајдат да бидат приведени и од притвор да бидат донесени во некои од следните рочишта .
Инаку следното рочиште за случајот со Пендиков е закажано за 12 јуни.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
