Македонија
22. March 2024 - 21:22

Што смеат, а што не смеат кандидатите за претседател и пратеници согласно измените во Изборниот законик

Седумината кандидати што влегуваат во трката за шеф на државата до 4 април не смеат да имаат повеќе од еден јавен настап, предвидуваат новите правила на Изборниот законик. Истото правило ќе важи и за парламентанрите избори. Па така, по проверката и потврдата на кандидатите за пратеници што ДИК ќе треба да ја направи до 3 април, тие нема да можат да имаат и да организираат јавни настапи до 18 април, кога пак, почнува кампањата за парламентарните избори.

Изборниот законик, како јавен настан го смета секое јавно собирање и други јавни настани организирани од партиите или учесниците во изборите. 

Тоа подразбира и јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интерент претставување, печатени материјали или јавно претставување на кандидатите и нивните програми. 

Доколку некој не го почитува ова правило, друг кандидати или партија ќе можат да поднесат приговор до ДИК. Државната изборна комија треба да ги испита ваквите наводи и да донесе одлука во рок од 72 часа.  Незадоволната страна од одлуката на ДИК пак, има право на тужба до Управниот суд кој треба да одлучува исто во скратени рокови од неколку дена.

ДИК во четвртокот на седница ги потврди кандидатурите за претседател и тоа на Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа до ДИК треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка.

Редниот број на кандидатите и изгледот на гласачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да се одржи жребување во ДИК.

Двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ викендов имаат два големи настани. СДСМ на Конгрес ќе ги промовира своите кандидати за пратеници и порграмата со која ќе настапува на изборите на 8 мај. ВМРО-ДПМНЕ пак, ке има јавен настан за пркмоција на изборната програма.

Сепак, овие два настани не се опфатени со новите правила бидејки пратеничките листи за парламентанрите избори се уште ниту се пријавени во ДИК, ниту пак, потвредени.