Партиите со обвинувања за непотизам, се заострува реториката во предизборието
Партиите ги почнаа предизборните преписки за наводни можни злоупотреби онаму каде противникот ја практикува власта. Од СДСМ обвинуваат за непотизам и лични интереси меѓу градоначланиците на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак, од опозцијата возвраќаат со иста мера за функцинери на СДСМ.
Од владејачката партија денеска излегуваат со низа обвинувања за градоначланикот Пецаков од Охрид.
СДСМ се кумови на непотизмот, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Партијата која произвела таков непотизам треба да се сокрие и да се срами од народот, кој со години со ограбува. Исто времено добро би било да одговорат како ВМРО-ДПМНЕ фатило врски за вработување на една од посочените во училиштето Кочо Рацин во општина Центар во Скопје, кое е под надлежност на Горан Герасимовски од СДС?
Дали Ковачевски, Кузеска или некој од СДС му се јавиле на Герасимовски и прашале како тој лобирал една од посочените на пресконференцијата на СДС за непотизам во Охрид да биде вработена во институција со која тој раководи? Дали СДС знае што зборува или можеби станува збор за некаков внатрешен судир и пресметка?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму птосетуваат и на тоа дека на седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од 1 евро за метар квадратен.
Обвинуваат и за тоа дека лидерот на СДСМ додека бил заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
