Loading Video...
Свет
12. March 2024 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Брод што превезува 220 тони храна во Газа рано утрово го напушти пристаништето Ларнака во Кипар. Бродот носи брашно, ориз и конзервиран зеленчук . Пловидбата треба да го тестира отворањето на нов поморски пат за помош на населението во Газа каде што петмесечната војна помеѓу Изарел и Хамас предизвика сериозна криза со глад.

Од пред неколку САД, Канада, Египет и Јордан почнаа да доставуваат  храна и медицински средства  во Газа од воздух.  Според ОН, најмалку 576 илајди луѓе или околу една  четвртина од населението на  Појасот Газа  нема пристап  до храна  а Министерство за здравство  во Газа соопшти дека 25 луѓе починале од неухранетост и дехидрација, повеќето од нив деца. Во мегувреме борбите во Газа продолжуваат .ШЕфот на ОН испарти  порака  до Израел и Хамас.

- Иако Рамазан почна – убиствата, бомбардирањата и крвопролевањето продолжуваат во Газа.. Мојот најсилен апел денес е да го почитуваме духот на Рамазан со замолчување на оружјето - и отстранување на сите пречки за да се обезбеди испорака на спасувачка  Помош со потребната брзина и масовен обем. Во исто време – и во рамазанскиот дух на сочувство – повикувам на итно ослободување на сите заложници изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. 

Израел утроов изврши напади и во Либан. Погодени се два објекта на Хезболах , како одговор на 100  те  истрелани ракети  кон Голанската висорамнина.

Европската комисија во текот на денот ќе препорача отворање на пристапните преговори меѓу Европската Унија и Босна и Херцеговина, осум години откако оваа земја од Западен Балкан поднесе барање да биде членка на блокот. Во 2022 година земјата беше примена во групата земји кандидати. 

„Откако доделивме кандидатски статус, Босна и Херцеговина направи импресивни чекори напред. Постигнат е поголем напредок за нешто повеќе од една година отколку за цела деценија, искана шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен. 

Препораката на Комисијата ќе треба да биде одобрена од сите 27 лидери  од земјите члнеки на ЕУ, кои треба да одлучат на самитот следната недела во Брисел.

Русија потврди дека еден од нејзините воени транспортни авиони „иљушин Ил-76“ се урнал набргу по полетувањето. Во авионот имало седуммина патници и осуммина членови на екипажот. нема преживеани.

Авионот се урнал близу воздушната база Северни во регионот Иваново, 200 километри североисточно од Москва. Руското министерство за одбрана кажа дека причината за падот е пожар на еден од моторите на авионот. Русија изгуби еден ваков авион и во јануари Москва тогаш ја обвини Украина дека го погодила леталото  со проектил.