Преглед на вестите од светот
Владата на Хаити синоќа прогласи 72 –часовна ворнедна сосотјба и воведе ноќен полицикси час, откако вооружени банди во саботата упаднаа во еден од поголемите затвори во Порт- о - Пренс и ослободија над 4000 затвореници, меѓу нив и членови на бандата обвинети за убиството на поранешниот претседател на Хаити Жовенел Моиз во 2021 година. Во насилството биле убиени најмалку 12 лица. Во затворот останале околу стотина затвореници. Водачите на криминалните банди, кои го организраа нападот велат дека сакаат да наметнат оставка на премиерот Ариел Анри. Групите кои имаат за цел да го соборат контролираат околу 80 отсто од главниот град Порт-о-Пренс , и се повеќе го прошируваат своето влијание во другите делови на Хаити. Во петокот Анри беше во Најроби на разговори за испраќање мултинационални безбедносни сили предводени од Кенија на Хаити.
Германскиот канцелар Олаф Шолц вети целосна истрага откако аудио снимка од доверливи воени разговори за војната во Украина, беше објавена на руските медиуми. На снимката се слуша како четворица офицери на Бундесверот разговараат за тоа како би можеле да го снабдат Киев со проектилите Таурус и истите да бидат искористени за напад на мостот што го спојува Крим со Русија. Украина долго време ги бара, но германскаат влада одбива да и ги испорача моќните ракети. Русија го повика на разговор германскиот амбасадор.
„Овде треба да откриеме дали Бундесверот го прави ова самоиницијативно. Тогаш се поставува прашањето: колку Бундесверот е контролиран и колку Шолц ја контролира ситуацијата? Или тоа е дел од политиката на германската влада? – изјави портолот на Кремљ Песков.
Германскиот министер за одбрана Писториус рече дека офицерите на Бундесверот не разговарале за конкретни планови, туку зборувале за хипотетички опции. Разговорот бил воден на 19 февруари.
Ники Хејли победи на републиканските прелиминарни избори во округот Вашингтон, освојувајќи ги гласовите на сите 19 делегати. Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп вчера го доживеа првиот пораз на партиските избори. Најважниот ден во прелиминарните избори е таканаречениот „Супер вторник“, односно утре, петти март, кога ќе се одржат прелиминарни избори во 16 сојузни држави. Досега во тековната кампања Трамп има поддршка од 244 делегати, додека Хејли има поддршка од 43 делегати. На кандидатот му е потребна поддршка од 1.215 делегати за да ја добие републиканската номинација.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
