Loading Video...
Свет
24. February 2024 - 16:36

2 години војна во Украина

Пред точно две години милиони Украинци се разбудија во војна и за нив повеќе ништо не беше исто.

-„Да кажам дека овие две години ми го променија животот не е ништо. Порано бев новинар кој пишуваше за општествениот живот и политиката, а сега станав личност која ја покрива војната. Сега секој ден од овој живот е војна“.

Во зак на солидарност голем број странски државници и официјални лица се во Киев, меѓу нив и претседателката на Европската комисија и премиерите на Италија, Канада и Белгија, како и спикерот на македонското собрание.

- „Ќе има слободна и суверена Украина. Ќе има мир и просперитет. Ќе има и Европа. но како почеток на една нова ера за Украина и за цела Европа, изјави Урсула фон дер Лајен.

- „И еве сме денес да им се заблагодариме на оние мажи и жени кои на 24 февруари пред две години не побегнаа, а наместо тоа се бореа  за себе, за нивните семејства, за она што им е најдраго, зиајви премиерката на Италија.

-Ваша борба је наша борба. Ви се борите за свој суверенитет, за своју територију, за  свој језик, за своју културу, за своју (демократију , али и за нашу демократију“.изјави премеирот на Канада.

Стотици километри подалеку  борбите продолжуваат.  Москва говори за успех додека украинските сили се жалат дека им снемува мунуција а доставата на заадно оружје оди бавно.  Русија сега контролира речиси една петтина од теритрјата на Уркаина, вклучувајки го Крим. Помошта од Западот за Украија ја одолговлекува војната  обвини Русија на синокешниот состанок на советот за безбедност на Он.

„Секој конфликт што ќе заврши порано или подоцна. Нема сомнение дека и украинскиот конфликт ќе заврши. Нема сомнение дека колку подолго трае поради постојаната поддршка од Западот, толку помалку поволни ќе бидат условите за мир за Украина“.Василиј Небензја, постојан претставник  на Русија во Обединетите нации.

Украина сака мир повеќе од која било друга нација. Сепак, нема да дозволиме Русија слободно да не убива на патот кон мирот, ниту пак ќе прифатиме каква било понуда да се предадеме или да ја отстапиме нашата земја и слобода под маската на мирот. Не само затоа што ќе ја направи залудна крајната цена што ја плаќаме сега, 2 години по ред, туку и затоа што сите ќе бидеме осудени да плаќаме многу повисока цена во иднина“.министер за надворешни работи на Украина.

Воениот конфликт во Украина досега одзеде десетици илајди животи на двете страни.