Македонија
15. February 2024 - 16:43

Таравари претседателски кандидат на албанската опозиција

Арбен Таравари е кандидат на албанската опозиција за претседател на државата. Својата кандидатура тој ја објави од гостиварскиот плоштад во придружба на Изет Меџити, Биљал Касами, Африм Гаши. Одлуката ја донел синоќа иако првично не беше заинтересиран, еден месец од кога му била ставена на маса, бидејќи проценил дека само така ќе може да се победи ДУИ.

Како што рече мотив во трката ќе му биде хипократовата заклетва што ја дал кога станал лекар. Ќе бара поддршка за претседател од сите албански партии, но и невладини организации, а очекува освен Албанци за него да гласаат и од другите етнички заедници.

„Дојде време државата да има претседател Албанец, не технички, туку вистински... Заедно анализиравме и донесовме заклучок дека многу ни е важен 24 април, кога ние сигурно ќе одиме во вториот круг на претседателските избори, а понатаму ќе видиме. Во Америка се случи пред 15 години да победи човек со црна боја на кожата и зошто да не може во Македонија, после 30 години демократија, да добиеме поддршка пред сè од Албанци, но и од Роми, Бошњаци, Турци, Македонци. Јас сум сигурен дека ќе добиеме гласови и колку што не очекуваме.

Таравари не го загрижуваат разликите со неговиот претходник Села и предлогот тој да биде разрешен. Вели разногласие во партиите секогаш има.

 „ јас ја гледам поддршката и внатре во Централното собрание каде сме 60 наспроти 40 отсто. Тоа собрание јас го наследив пред една година. Меѓу членството разликата е исто така 60 наспроти 40. Меѓутоа, кај народот тоа е 90 наспроти 10 отсто“,„Ние со Села можеме да го убедиме нашето членство, меѓутоа гласачот и граѓанинот да го убедиш дека треба да ѝ помогнеме на ДУИ сега мислам дека е контроверзно и нема да се прифати никогаш. Ако одевме ние со ДУИ, ќе не саботираше гласачот“

Таравари ќе влезе во трката за претседател преку 10 илјади потписи. Од претседателската кампања очекува, како шти рече,  приказна за инспирација, европеизација и триумф, но им посака успех и на другите кандидати.

Кандидадурата на Таравари се очекува да повлече одлука на ДУИ и таа да извади свој претседателски кандидат.  Техничкиот премиер Џафери кој е дел и од раковдствотот на партијата на Ахмети без коментар за Таравари.

Освен за претседателските избори, Таравари во сабота ќе ја официјализира соработката со Европскиот сојуз за промени и на парламентанрите избори.