Loading Video...
Свет
14. February 2024 - 19:41

Преглед на вести од светот

Тројца цивили загинаа а 12 се повредени во руските ноќни напади во градот Селидове на истокот на Украина соопштија градските власти на Селидове. Информираа дека меѓу загинатите има и едно дете а меѓу ранетите има четири деца. Ја обвинија Русија дека намерно таргетирала станбени згради и болница. Русија засега не одговори на овие обвнинувања. Русија не ги коментираше ни тврдењата на украинската армија дека утрово го уништиле големиот десантен брод на руската морнарица Цезар Куников во Црното Море во близина на брегот окупираниот полуостров Крим. Генералштабот на украинската армија соопшти дека  бродот бил нападнат со поморски  дронови полни со експлозиви. Војната во Украина  ќе влезе во третата година следната недела. Украинската сили почнаа контраофанизва минатото  лето но не успеаја да ги пробијат добро утврдените руски линии. 

Израел би требало добро да размисли пред да почне копнена офанзива во Рафах, најужниот град во Појасот Газа, каде се наоѓаат над 1 милион палестински бегалци предупредија ОН и Светската здравствена органзација. Генералниот секретар на ОН, Гутереш му порача на изарелскиот премиер Нетањаху дека нема да му помогнат да ги оддалечи цивилите од Рафах. Нетањаху вели дека офанзаивата е неопходана, бидејки Рафах сега бил упориште на милитантите. Во меѓувреме израелските одбранбени сили објавија видеоснимка на која наводно се гледа лидерот на Хамас, Јахја Синвар, во тунел под градот Кан Јунис во јужна Газа. Портпаролот л Даниел Хагари рече дека видеото е снимено од надзорна камера на Хамас на 10 октомври и дека Израелксите одбрабени сили  го добиле  неодамна. Порача дека ловот по Синвар нема да престане додека не биде фатен, мртов  или жив. Спред властите во Тел Авив Синвар е главниот организатор на терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.  Портпаролот на израелската армија, соопшти и дека  израелски воени авиони извршиле голем бран напади на либанска територија, откако од Либан утрово беа истрелани ракети врз северниот дел на Израел,при што една жена беше убинеа. Повеќе детали Хагари не даде  а либанските енмдиуми овјавија дека во изарелските напади се погодени села. Хезболах, за кој се смета дека го изврши нападот врз Израел, не ја презеде одговорноста. Двете страни редовно разменуваа оган преку северната граница на Израел по нападите на Хамас на 7 октомври.