Loading Video...
Свет
31. January 2024 - 16:33

Преглед на вестите од светот

Француската полиција не дозволи блокада на пазарот за грана на голема во Париз.

Француските земјоделци трет ден ги блокираат стратешките патишта околу Париз и другите поголеми градови низ Франција. Полицијата уапси над 18 земјоделци кои се обидоа да го блокираат пристапот до парискиот пазар за храна на големо Ренжис. Претходно минситерот за внатрешни работи Жералд Дарманин предупреди дека нема да дозволи блокада на пазарот. Земјоделците бараат подобри откупни цени, намалување на бирократијата, олеснување на еколошките регулативи, и откажување од планот за зголемување на данокот за дизелот за земјоделскиата механизација. Протестираат и против склучување договор за слободна трговија помегу ЕУ и членките на Јужноамериканскиот блок Меркосур бидејќи , според нив, ќе се создаде нелојална конкуренција , со влез на евтини увозни произвиди.Франција важи за најголем змејоделски производител во ЕУ.

„Има една Европа, а во Европа сите треба да имаме исти ограничувања, исти норми и да нема нелојална конкуренција“.

На трговскиот договор ЕУ-Меркосур се противат и белгиските, роамнските, германските, шанските и итлајинаксите земјоделци. За утре белгиските земјоделци најави проетсти пред седиштетот на ЕУ во Брисел, каде ќе се одржува самитот на ЕУ. Над 1000 италијански земјделци најавија дека ќе учествуваат на проетстите во Брисел.

 

Хамас соопшти дека го прочува новиот предлог за прекин на на огнот во појадот Газа составен од претставници на Египет, САД, Катар и Израел. Предлогот вклучува шестнеделен прекин на огнот, при што Хамас прво ќе ги ослободи преостанатите цивили мегу заложниците кои ги зароби на 7 окотмври, потоа војниците и на крајот ке ги предаде телата на убиените заложници. Слобода чекаат повеќе од израелски 100 заложници. Шефот на Хамас, Исмаил Ханије, кој вели дека групата е отоворена за идеи што водат кон прекин на изарелксата офранзаива во појасот Газа, најави дека ќе ја посети египетската престолнина Каиро за да разговара за планот.