Loading Video...
Свет
30. January 2024 - 19:46

Преглед на вестите од светот

Тројца борци на Хамас и Исламски џихад се убиени во тајната операција која израелските специјални сили ја извршија во болницата ИБН Сина во градот Џенин на Западниот Брег утринава објави Израел. Во операцијата учестувале 12 специјалци маскирани во лекари, медицински сестри и цивили. Хамас потврди дека убиен е еден нивен член додека додека другиет двајца биле од Исламски џихад. Според изарелската армија убиените подготувале напад во Израел во блиска иднина а ја користеле болницата како засолниште. Тројцата мажи спиеле во моментот на нападот. Биле користени пиштоли со пригушувач. Акцијата траела десетина минути. Од болницата соопштија дека еден од убиените бил хоспитализиран поради повреда која му ги парализирала нозете. Хамас се закани дека  израелксата акција во болницата нема да остане без одговор.

 

Унгарскиот премиер денеска објави е подготвен да го омекне својот став за предложениот пакет помош од ЕУ за Украина вреден 50 милирајди евра. Унгарија е подготвена да гласа за помошта, но со гаранции дека секоја година едногласно ќе се одлучува дали ќе се издвојат пари за нова помош или не рече Орбан во изјава за француски медиум. Претходно ЕУ се закани дека ќе ја саботира економијата на Унгарија, ако стави вето на помошта за Украина на самитот во четврток.

 

Американскиот бизнисмен Илон Маск објави дека на првиот пациент на кој му бил вграден чип во мозокот преку програмата Телепати на неговата компанија Неуралинк добро закпренува. Првите резултати покажуваатг ветувачко откривање на невронската активност напиша Маск во  објава на платформата Х. Маск рече дека чипот поставен во делот од мозокот кој ја контролира намерата за двиежње треба да им овозможи на луѓето управување на  компјутерот или паметниот телефон со помош на своите мисли. За учество во клиничката студија, Неуралинк одбра луѓе со парализа, кај кои се погодени нозете и рацете.