Македонија
26. January 2024 - 19:49

Митрески избран за собраниски спикер, Владата на Ковачевски во оставка

Јован Митрески е нов претседател на Собрнаието. Тој веднаш го пополни испразнетото спикерско место во парламентот откако беа констатирани оставките на досегашниот собраниски претседател, а сега мандатар за техничката влада Џафери и на досегашниот премиер Ковачевски. 

Митрески по заклетвата направи и примопредавање со Џафери. 

Координаторот на СДСМ ја доби поддршката само од 64 народни избраника од власта. Опозицијата беше против. Неговиот избор беше искористен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да ја критукуваат и работата на Собранието под палката на Џафери.

Иако со ова е почната подготовката за изборите парламентот останува во заседание. Пратениците ќе работат и по распишувањето на изборите што треба да биде направено околу 15 февруари. Пред нив се неколку клучни закони, како конфискацијата на имотот, нови рестриктирвни мерки, закони за јавната администрација, но и најавените измени на Изборниот законик.