Македонија
22. January 2024 - 16:37

Ковачевски: До недела има време да се предложат и изгласаат министри за техничката Влада

Власта и опозицијата да предложат свои кандидати и до недела има доволно време да биде комплетиран предлогот за техничката влада, вели премиерот Ковачевски. Откако опозицијата најави дека нема да гласа премиер на техничката влада да биде Џафери иако ќе предложи кандидати за министри во неа, Ковачевски вели дека такво нешто не постои во светската пракса. По информациите дека и во техничката влада се спрема министер позиција за него, тој демантира - ќе ја предводел коалицијата на СДСМ.

А американскиот помошник државен секретар за Европа, не знаел за информаците дека преку документ меѓународниот фактор бара албанските партии да не коалицираат со партија кој за шест месеци нема да ги спроведе уставните измени. Но, остави граѓаните сами да одлучеле за која опција ќе се определат, но и за визијата.

Говорејќи на средбата на лидерите од Западен Балкан, премиерот вели дека очекувал уште еден мандат за да обезбедел европска иднина за граѓаните.