Loading Video...
Свет
20. January 2024 - 16:31

Преглед на вестите од светот

Во пожар во интернат во централна Кина загинаа 13 лица, а едно е тешко повредено, објавија утрово кинеските државни медиуми. Пожарот избувнал во вчера вечерта во училиште во близина на градот Нанјанг во провинцијата Хенан. Според извештаите, пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, а директорот на училиштето бил приведен. Кинеските медиуми не објавуваат многу детали освен дека станува збор за приватен образовен комплекс кој покрај интернатот имал и градинка и училиште. Најголемиот дел од учениците биле од руралните кинески области. Официјално се уште нема информација за идентитетот на загинатите а еден од наставниците на локален медиум изјавил дека сите загинати се третооделенци.

 

Четворица членови на Иранската револуционерна гарда се убиени во израелски ракетен напад кој утрово бил изведен врз сирискиот главен град Дамаск. Меѓу убиените е и шефот на разузнавачката единица во Сирија, изјави за Reuters безбедносен извор од регионалната просириска алијанса. Сириските државни медиуми објавија дека зграда во населбата Мазех во предградие на престолнината Дамаск била погодена во напад за кој се верува дека бил изведен од Израел, но не наведоа дополнителни детали. Израел официјално не го коментира овој напад кој се заканува да внесе дополнителна ескалација во конфликтот на Блискиот Исток.

 

Екипаж составен од 4 астронаути меѓу кои и првиот Турчин утрово безбедно пристигнаа во светската вселенска станица. Вселенскиот брод Драгон до вселенската станица патуваше точно 37 часа по полетувањето во четвртокот од ласирната рампа во весленскиот центар на Наса во Флорида. Целиот проект, вклучувајќи го вселенскиот брод како и ракетата фалкон која што го лансираше во веселената било финасирано и оперирано од Спејс Икс, компанијата на милијардерот и нов сопствнеик на Твитер, Илон Маск.