Македонија
14. January 2024 - 16:36
„Василичарите од Боемска“ со хуманитарно дружење за Василица
Со музика, греана ракија, храна но и добро расположение втора година по ред дебармаалци прославуваат Василица. Покрај добрата дружба настанот има хуманитарна цел, парите од продажбата на македонските традиционални јадења, греана ракија и вино се донираат кај социјално загрозени семејства.
Традиционалните јадења беа подготвени од рацете на умешни шефови, меѓу кои и шеф Никола.
Иако се организира втора година по ред, постарите дебармаалци се надеваат дека традицијата ќе ја продолжат помладите генерации.
Старо новиот кум на овогодишното хуманитарно дружење е Огнен Караѓозовски.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
