Македонија
11. January 2024 - 16:37
Мицкоски ги свика партиските тела
Ниту денешната седница на партиските тела на опозицијата нема да го официјализира кадровскиот состав кој опозицијата ќе и го понуди на техничката Влада. Партискиот лидер кој денеска беше во скопска Кисела Вода вели дека до сега немал контакти со Ковачевски за најавената лидерска средба.
Но лидерската средба со Мицкоски е најмалата грижа за Ковачевски. Лидерот на владејачката партија се уште не може да ја договори коалицијата со ДУИ и Алијанса. По изјавата на Таравари дека е најдобро СДСМ да одат сами на избори, премиерот и денеска без детали како течат разговорите за предизборна коалиција
Ковачевски вчера најави дека по 22 јануари може да се очекува неговата оставка како прв чекор кој парламентарните избори кои се веќе закажани за 8 мај.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
