Вработувања според заслуги, а не партиска припадност, Унијата загрижена за кронизам во институциите
Вработувања според заслуги, а не партиска припадност побара евроамбасадорот Гир. Апелира институциите докрај да ги истражат сите тврдења за политички влијанија во М-НАВ, а државата да ги имплементира обврските кон ЕУ, ден откако и преку писмено соопштение делгацијата на ЕУ за прв пат изрази загриженост за кронизам при вработувањата во М-НАВ.
Со употреба на поимот кронизам кој во буквална смисла значи вработување на блиски кои немаат ниту познавање ниту потребни квалификации за работната позиција, Унијата дирекно испраќа порака да запре вработувањето на партиски послушници вели и претседателката на Транспаренси Интернешнл. Според Тасева, Унијата до крај ќе ја следи разврската на овој скандал.
За високото ниво на корупција во земјава Тасева вели дека Унијата предупредува со години, а особено во последниот извештај на ЕК. Скандалот во М-НАВ е само уште еден доказ за нефукционалноста на целиот систем.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
