Втор ден Божиќ во Охрид
Храмовите во Балканскиот Ерусалим исполнети со верници. Денеска е вториот ден од Божиќ, кога христијанската црква и оддава слава на пресветата божја мајка. Ова празнување се нарекува нејзин собор, затоа што на тој ден се собираат сите верни за да ја прослават Богородица. Верниците со свеќа во рака се помолија за здравје, среќа и бериќет.Свештените лица посочуваат дека Божиќ е повеќе од една празнична трпеза,повеќе од едно семејно дружење ,за раѓањето на Христос треба да сведочиме низ текот на целата година и низ целиот живот.
Овие денови граѓаните ги поминуваат празнично наутро со посета на некоја од црквите а за ручек со семејството и богата трпеза.
Целта на празникот е токму таа, да се поврзат луѓето на овој ден со Бога и со своите најблиски.Инаку Божиќ според православниот обичај се слави три дена.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
