Македонија
7. January 2024 - 17:07

Охрид за Божиќ исполнет со верници и туристи

Охрид и овој продолжен празничен викенд за Бадник и Божиќ исполнет со туристи.Иако станува збор за денови кога граѓаните најчесто се собираат во своите домови сепак во главниот туристички центар има гости и тоа најчесто домашни оние кои претежно си имаат свои викенд станови но и од нашето соседство.

Туристичките работници задоволни од посетеноста .Верските храмови и културно историските знаменитости се најпостени за овие празници.

Инаку градот гости очекува и за  дочекот нa Стара Нова година но и за големиот верски празник Богојавление Водици.