Според Стојковски граѓаните се виновни за загадениот воздух
Прекинат е алармот за високо загадување во Скопје и Струмица, информира Министерството за животна средина. Мерењата покажале дека ПМ 10 честичките се под прагот на алармирање и од денеска препоракате престануваат да важат. Бремените жени, лицата постари од 60 години, како и оние со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозечен удар треба да се вратат на работа. Од Инспекторатот направиле контроли во поголемите индустриски капацитети, но освен кај котел за загревање во гаража на ЈСП, неправилности не констатирале. Главни виновници за загадувањето велат дека се граѓаните.
За поголеми контроли велат дека им требаат повеќе инспектори. Во моментов работат со само 18, кои се во поодминати години, односно над 55. Барале вработување на уште 2, но финансии не им одобриле.
Институцијата која е задолжена да ја штити животната средина, со излегување на инспекторите на лице место и применување на санкции кон оние кои го кршат законот, годинава ќе работи со скратен буџет за скоро 10 илјади евра.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
