Македонија
4. January 2024 - 16:46

Државниот се полни, приватниот сектор отпушта кадри

Приватниот сектор губи работници, јавниот се полни со кадри. За еден месец, над 6.000 вработени во компаниите останале без работа.

Според податоците на Управата за јавни приходи, во ноември биле поднесени 535.636 пресметки за плата, додека пак во октомври нивниот број бил за 6,160 поголем. Во новата година без плата за сработеното останале речиси 20 илјади лица. 

Државниот сектор пак, продолжува со секојдневните огласи за вработување. Речиси сите институции бараат кадри. Финансии и Земјоделие по 55, Информатичко општество и Центарот за управување со кризи 30,  Фондот за здравство 20, Царинската Управа 15. Лица за вработување бараат и речиси сите општини. Министерот за финансии Бесими вели дека огласите се за испразнетите места или за оние кои веќе работат, ама немаат решение.

За министерот Бесими минатата била успешна година со рекордна реализација на капиталните инвестиции. Само во декември се исплатиле речиси 200 милиони евра, најмногу кон Министерството за одбрана и МВР, но и дополнителни 28 милиони евра за Бехтел и Енка. Буџетот се полнел според предвиденатата динамика од даноци и продонеси.

Позначително потфрлање има кај ДДВ-то, над 30 милиони евра со распределбата на буџетот или 130 од првично планираниот буџет. Тоа, според надлежните се должи на преамбициозните планови на почетокот на годината, но и помалите приходи од увозот на електрична енергија, поради пониската цена на струјата.