Преглед на вестите од светот
Руските сили ги нападнаа Киев, Лвов, Харков, Одеса, Днипро и Запорожје со ракети и беспилотни летала во текот на ноќта и рано утрово. Украинските власти известуваат за најмалку 18 загинати и преку 90 повредени. Според украинската војска Русија го извршила најмасовниот воздушен напад од почетокот на инвазијата со 158 беспилотни летала и проектили.
Украинските сили успеале да пресретнат над 70 отсто од нив, но оние кои ја погодиле целта предизвикале големи материјални штети во цивилниот сектор. Породилште и трговски центар се погодени во Днипро. Во тој според укрианските извештаи има најмногу жртви - 5.
Станбени блокови и куќи се погодени во Киев, Лвов, Одеса, Харков и Запорожје. Министерството за одбрана на Русија истакна дека нападите биле насочени кон воени објекти и локации на украинските вооружени сили. Пред три дена , Украина го ракетираше рускиот воен брод Новочерскас во пристаништето Федосија на Крим, а вчера Белата куќа одобри уште една транша од 250 милони долари воена помош за Киев.
Американската сојузна држава Мејн го исклчучи Доналд Трамп од учество на предизборите за трката за Белата куќа во САД следната 2024 година. Причината за ваквата одлука на највисоката изборна комисија во Мејн е улогата на поранешниот претседател во нападот што неговите поддржувачи го извршија на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.
Од истата причина, во текот на овој месец и Врховниот суд во Колорадо донесе одлука со која го отстрани Трамп од гласачкото ливче на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март. Кампањата на Трамп соопшти дека брзо ќе поднесе приговор за оваа одлука, а неговите адвокати оспоруваат дека тој учествувал во немири.
Израелската војска продолжува со воздушните и копнените операции насочени кон Хамас во северниот, централниот и јужниот дел на Газа. Според најавите делегација на високи претставници на Хамас се очекува денес во Каиро за да го разгледа египетскиот мировен предлог направен да стави крај на војната меѓу Хамас и Израел. Мировен план во три фази, вклучува прекин на огнот, постепено ослободување на заложниците и создавање на палестинска влада од експерти за управување со Појасот Газа и окупираниот Западен Брег, како и повлекување на израелската армија од Газа и прекин на ракетните напади на палестинските милитанти врз Израел.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
