Медицински медијатори Роми од 2012-та чекаат трајно вработување
Со случаи каде работници и по седум години чекаат да добијат трајно вработување, здравството останува сектор каде е најизразена оваа појава на злоупотреба на вработувањата. Сепак според Сојузот на синдкати и во образованието, судството, но и во комуналите претпријатија на локално нивно има најмногу пријави за вработувања со договорот на дело, иако не се толку изразени.
Од ССМ не отстапуваат овие вработувањата да бидат ограничени на најмногу една година. Според претседателот, Трендафилов, бројките на вакви случаи се големи, или повеќе од 10 проценти од работниците во јавниот сектор пријавувале дека се вработени со договор на дело.
Иако трајно се решава работниот статус само на еден дел од договорците, сепак Независниот синдикат на медицински работници предупредуваат дека и административните работници во здравствените институции се најдефицитарен кадар. Се уште е неизвесно дали тие ќе станат дел од процесот на трансформацијата.
Околу 30 отсто медицинските сестри кои се опфатени со одлуката на надлежните ќе го решат своето вработување, но бараат регулирање на статусот на сите кои и по речиси една деценија работат без осигурување и нормални примања.
Здруженијата и синдикатите бараат да се направат нови проекции, бидејќи и покрај ваквите чекори за трајно вработување, се уште недостасува кадар во сите сектори.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
