Македонија
24. December 2023 - 19:54

Уништувањето на културното и природното богатство во Охрид, заштитено од УНЕСКО предизвикуваат загриженост

Се уништува културното наследство со катастрофални последици. Состојбата во охридско струшкиот регион кој е под заштита на УНЕСКО е загрижувачка добрите познавачи сметаат дека потребно е поенергично и посистематично да се пристапи кон овој сериозен проблем. Цели археолошки локалитети, значајни споменици на културата, кои успеале да „преживеат“ илјадници години се уништуваат.

Институциите треба заеднички координирано да постапуваат кон заштитата на вредното богатство со кое располага нашата земја.

Потребна е поголемна публикација на културното наследство сметаат археолозите.

Охридскиот регион останува на листата за светско наследство на УНЕСКО, но остануваат и препораките за негово зачувување. Како резултат на континуирана деградација на културното и природното наследство на регионот, се испрати јасна препорака, дека ако не се постапи како што е побарано охридскиот регион ќе биде ставен на листата на загрозени подрачја.